
Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика ќе поднесе оставка пред истекот на мандатот на 28-ми април, објави службената новинска агенција APS, по речиси цел месец секојдневните масовни протести и притисокот од армијата да се стави крај на неговото 20-годишно владеење.
Претседателот а Алжир пред поднесувањето на оставката ќе ги преземе мерки кои го осигуруваат функционирањето на државните институции во текот на преодниот период, додава агенцијата без да го прецизира точниот датум на оставката, ниту кои важни одлуки ќе ѝ претходат.
Останувајќи на власт 20 година, Бутефлика од 22-ри февраури се соочува со досега невидени во Алжир масовни протести со кои се бара негово и замнување на целиот негов тим.
Откако во последен момент се откажа од трката за петтиот претседателски мандат, Бутефлика ги одложи претседателските избори закажани за 18-ти април и предложи овластувањата да му ги предаде на наследникот избран на националната конференција коајшто треба да го изработи новиот устав на земјата. Таа опција подразбираше да остане на власт по истекот на мандатот до неодреден датум, што демонстрантите категорично го одбија.
Бутефлика остана изолиран последните денови, откако началникот на генералштабот, моќниот генерал Ахмед Гаид Салах. Тој како негови поранешен цврст сојуник рече дека решението на кризата е во заминувањето на Бутефлика, а на тој став набрзо му се продружија повеќето видни личности од неговата влада.
Според алжирскиот устав, претседателот на горниот дом на парламентот, 77-годишниот Абделкадер Бенсалах требаше да ја преземе должноста шеф на државата на рој од најмногу до 90 дена во кои треба да се одржат изборите.