
Фудбалерите на Манчестер Сити повторно го преземаа врвот во англиската премиер лига по минималната 1:0 домашна победа над Тотенхем, во дуелот од 35-то коло.
Стрелец на единствениот гол во дербито во Манчестер беше Фил Фоден уште во 5 минута од мечот, кога со главата во лет од еден метар ја проследи топката во противничката мреќа по нафрлањето од Серхио Агуеро. До крајот на мечот двата тима имаа по неколку убави можности за постигнување погодок, но резултот не се менуваше.
Ова е веќе четврти првенствен натпревар во низа во кој играчите на Сити поведуваат рано и на крајот ги освојуваат победите. Кога го победија Фулам со 2:0 поведоа во 5-та, протиф Кардиф (2:0) поведоа во 6-та, Кристал Палас го добија со 3:1 а поведоа во 15-та и сега минумално го победија Тотенхем со гол во 5 минута.
Сити сега има 86 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, а двете екипи имаат по 34 натпревари, додека Тотенхем е трет со 67 бодови, еден повеќе од Арсенал и Челзи. Ливерпул ќе има можност да се врати на чело на табелата во недела кога гостува кај Кардиф Сити кој се бори да го сочува прволигашкиот статус.
Иако е веќе испаднат од Премиер лигата, Фулам ја постигна втората последователна победа. Во минатото коло го победи високопласираниот Евертон со 2:0, а денеска на гости со 1:0 го победи Борнмут со голот на Александар Митровиќ во 53 минута од пенал. Фулам сега има 23 бодови, претпоследен е 19-ти и заостанува 11 бода зад 17-то место кое гарантира опстанок. Борнмут, пак, со 41 бод е на 12-то место.
Вест Хем двапати водеше против Лестер, но на крајот дуелот заврши без победник 2:2. За домашните головите ги постигнаа Антонио во 38 и Лукас во 82 минута, но гостите израмнуваа преку Варди во 67 и Барнс во втората минута од судиското продолжение. Вест Хем е 11-ти со 43 бодови, а Лестер е 8-ми со 48 бодови, сега само бод зад седмиот Вотфорд кој држи место кое води во Европската лига.
Важен бод во битката за опстанок освои Брајтон, кој на гости кај Вивлерхемптон одигра меч без головир. Брајтон е 17-ти со 34 бодови, три повеќе од 18-от Кардиф кој е во зоната на испаѓање. Вулверхемптон, пак, пропушти можност да го престигне Лестер, и остана 9-ти со 48 бодови.
Вотфорд со головите на Деулофлеу во 50 и 80 минута на гости го совлада Хадерсфилд за кој стрелец беше Ејерн-Грант во третата минута од судиското продолжение. Вотфорд се зацврстува на седмото место, а Хадерсфилд е одамна отпишан со само 14 освоени бодови.
Вечерва Њукасл го пречекува Саутемптон, а во недела се среќаваат Евертон – Манчестер Јунајтед, Кардиф – Ливепрул и Арсенал – Кристал Палас а во понеделник Челзи – Барнли.