Момче со шприц колабираше во центарот на Скопје

Момче во несвесна состојба лежеше на клупа на плоштадот ВМРО во центарот на Скопје.

По дојава од минувачи, реагираше брзата помош, кои го земаа и транспортираа во болница. Лицето со себе имаше и шприц.

Кратко време по пристигнувањето на лекарската екипа, дојде и полицијата.

Засега здравствената состојба не е позната. Од МВР се уште немаат никакви информации за случајот.