
Денеска вулканот Тангкубан Параху се активира и во висина исфрли пепел неколку стотина метри.
Вулканот Тангкубан Параху денес се активира, по што е издадено предупредување за опасност. Поради активирањето на вулканот затворено е туристичкото место во близина на Тангкубан Параху.
Јава е остров во Малајскиот Архипелаг во групата на Големите Сундски Острови, Индонезија.
Лежи непосредно јужно од Екваторот, меѓу Јаванското Море на север и Индикот на југ. Во правец исток – запад се протега на околу 1.000 км. Зафаќа површина од 127.000 км².
На половината од островот се простираат планини со стотина вулкани, од кои 30 активни. Највисок врв е вулканот Семеру со 3.676 м. Многу густо населен остров со околу 125 мил. жители.
Поголеми градови се Џакарта, Бандунг, Богор, Јогјакарта, Маланг, Семаранг, Сурабаја и Суракарта. Други поголеми околни острови се Суматра и Бали.