
Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон имаат предност од седум процентни поени во однос на опозициските лабуристи во пресрет на предвремените избори на 12-ти декември, покажува анкета објавена во понеделникот.
Според истражувањето на јавното мнение кое го спровело институтот ICM, конзервативците во моментов имаат поддршка од 38 отсто, а лабуристети од 31 отсто од гласачите. Либералните деморкати, пак, имаат 15 отсто поддршка, а партијата Брегзит 9 отсто,
Анкетата покажува дека двета главни британски партии подеднакво ја губат поддршката поради брегзитот. Околу 11 отсто од оние кои гласале за конзервативците на редовните избори во 2017 година сега планираат гласот да го дадат за евроскептичната партија Брегзит на Најџел Фараж. А 12 отсто од избирачите кои гласале за лабуристите сега планираат да гласаат за либералните демократи кои се подефинирани во спротиставаувањето на излагувањето на земјата од ЕУ.
Повеќе од две третини од избирачите кои на референдумот во јуни 2016 година гласале за останување во ЕУ и за конзервативците на изборите во 2017 ходина, повтоно ќе ја поддржат Конзервативната партија, покажува анкетата.