2020 – Трета Светска Перестројка!

2020, кој ќе поверуваше дека ќе ја дочекаме. Каква златна колумна имам за распадот на ЕУ ама од атер за Мелани да и’ изрзам поддршка, увек и у секое време. Да не се сИкира, ако и го атентатисаат либето (пу, пу, скраја да е, си го сакам ко роџени) ќе ја примам, ќе ја чувам како зеницу ока свога, главна анама ќе биде.

Имаше еден крајно политички некоректен виц во екс-ју, кога на маса кватро припадници на републики играат карти, двајца се скаруваат, третиот вади кубурот и го упукува четвртиот. Овие се вртат запрепастени…

– Што направи, глуп? Зошто го уби?

– Па, другари, јас мислев дека почна.

Така некако нашиве јавни ретарди со ситуацијата во Иран – моронштина!!! Дал да се смееш дал да прдиш. Ама тоа е, дојде времето кога се нема срам, а од пердето гаќи прават. Лакејството и сервилност пак како да е задолжителен предмет од основно до магистерски… ама не е изгледа дека земате онлајн часови.

Во земјава нема ама ниеден сериозен аналитичар на светските политики, ниеден. Има неколку фејкери, кои барем се трудат. Останативе, од СЈО, ЈО, СДСМ, ВМРО, бојкот-мојкот не мрднале – м р д н а л е!!! Најчесто велат – рајата не ја интересира. И оп, сега кога ја интересира – уцапани у септичка – глумат главен мајстор кој ја одзатнува септичката, гњуриш у говна 7-8 пути и на копиљот кој му подава цвикцангли и цинцулатори му вика: „Пеземек гледај или учи оти цел живот ќе подаваш алат” и загњурува назад во преполнетата септичка“.

Ај остај што новинарствово се сведува на локални калабастери и плитки материци, туку се крајно неинформирани и од општа култура. За култура се информираат ако партискиот миленик сними некоја мутав филм, да речеме – Како убив интелигенција, Матки, After the brain, Јас сум од Свирипичино е тогаш ќе се налапаат баклави со урда на лој пржени и со оргазмично лаксативно чувство го гледаат лајкот од нивниот лидер  – јуноша дас шприцен!!

Да се разбереме, кога се работи за информација, тука се ОК, навистина, пренесуваат – генерално од највлијателните и најдоверливите извори, но кога ќе пробаат да анализираат… „беж’те децо – тата је опет пијан!“. Не можам да изнабројам колку аналитичари се ре-ре-репризирале на ТВ одново и одново во некои каки дуели, демек, со бреиндед муабети-демек-анализи, кои секогаш заглавувале кај Предејане. Толку! Ок, плата е клата, но барем да пренесуваат анализи од истите тие извори кои веќе ја презеле веста, зборам од светските. Има очи да ти се отворат, ма ококорат, да ти стаанат многу работи појасни не само за светот, туку зошто и кај нас се случуваат. А кога имаш инфо, знаеш како да се позиционираш, заземеш став, вака хакуна-матата! После пиштење и киретажа!

Еве зошто мрсам и мрчам, далеку сум од новинар, квантно уште повеќе од аналитичар, интуицијата ми е ко мртов коњ, а предвудувањата ми се до толку што на мајмун да му дадеш да пополни тикет – проверено – шансите за добивка се 135:1 во корист на макакито. Но, чат-пат, кречанава моја меѓу две уши ми прави тајм ворп, па се сеќавам на сите новинарски намерни или ненамерни утки на тема трета светска војна…

– кризата на Kосово, почеток на 70-те

– трупање на тенкови од страна на бугарите средина на 70-ти

– Роналд Реган кога доби власт – готово е думсдеј саатот минута до 12!

– Кризата во Кувајт, која беше зачинета со лажните и непостоечки пророштва од Ванѓа до Нострадамус

– Бомбардирање на Србија

– Северна Кореа

– Крим… итн итн

Само кога Обама, веднаш по добивањето на Нобелова награда за мир, прати дополнителни десетици илјади војници во Ирак и Авганистан, е тогаш беше миротворно.

Фејк фејк фејк… највулгарно не дупат у мозок и ни се смеат! До толку, што во 1997 Дастин Хофман и Роберт Де Ниро го снимија филмот Врзи го Кучето (Wag the Dog) во кој ама се’ ни објаснија, ама се’. Да го спомнам и Мајкл Мур со Канадска Сланина од 1995. Ј’зк  ако не сте ги гледале.

И така, додека дебилите, политичко – народни, се делат на про-Руси и Амери, исток – запад, кој е за кој, никој да не му текне дека сево ова можеби не е заеднички театар на сите инволвирани за локални политики придобивки и глобално репозиционирање.

Еве ви го и последниот пример… Матијас Руст, млад Германец, пилот, со својот мал авион Цесна, во 1987 полета од Немачка, прелета рамно, ладно и мирно до Москва и им слета на Црвениот Плоштад. Море бруки што беше за најдобрата воздушна одбрана евер на најдобро бранетиот град во историјата на човечанството… Но, ако малку тропнете со лејките, тоа беа критичните години на Горбачов дали ќе му успее Перестројката (ПереСтојка – дупачка) па, за да се доврши распадот на СССР најглавно ти е да ги смениш глаучите во армијата, оние најтврдокорните традиционалисти. Колку генерали мислите дека беа сменети и уапсени тогаш под обвинение за лошо поставена одбрана, предавство, намерно дозволување за прелет – ку*ци и плаци? И се заврши како што си знаеме. Матијас работи како професионален покераш… и Џемс Бонд нон-стоп по казина кисне… нејсе! Што мислите, дека во Иран нема веќе политички претумбации кои на подолг период ќе прават локална перестројка откако е ликвидиран џенералот?

Како апдејт, од стотици мртви во базата сега инфо дека нема ниеден, па ова било-она било и само глуп чоловек може да се напали да излезе и да глуми анаЛитичар. Па, уште да се заканува!?!?! Ова е бре за Монти Пајтон!

Тенкјуеднфакју еврибади – камо да беше Трета – апокалипса, ќе се исполнеше и пророштвото, арно ама нема со лесно, ќе мора сабајле од рано, да фрламе две јајца на точак и да самоуправуваме!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.