Фараж планира голема прослава на брегзитот во центарот на Лондон

Долгогодишниот заговорник на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, Најџел Фараж, планира тоа да го прослави со огномет, перформанси и други настани во центарот на Лондон на 31-ви јанаури, објави во саботата весникот The Telegraph.

Фараж има намера да потроши 100.000 фунти на „Прославата на бнрегзитот“, на која очекува до 10.000 луѓе на Плоштадот на парламентот во Лондон, пишува британскиот весник.

Фараж и лидерот на партијата Брегзит, Ричар Тајс, бараат дозвола за организирање настан кој би „кулминирал со огномет сличен на новогодишниот“, пишува The Telegraph.

Двајцата во новогодишната порака до своите прврзаници реко да има „многу нешта за славење, ја напуштаме ЕУ на 31-ви јануари“, „Приврзаниците на останувањето во ЕУ се дотепани, а повеќе го нема мнозинството на оние кои го блокираа брегзитот во парламентот“, порачаа.

И други бројни политичари изјавија дека сакаат да биде одбележан 31-ви јануари.

Фараж претходно рече дека планира да го пренасочи фокусот на партијата на промена на постојниот изборен модел, заснована на изборни единици, во пропорционален систем. Според сегашниот британски изборен модел, во Долниот одм на парламентот влегува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во изборна единица, што оди во прилог на двете најголеми партии и на регионалните партии, како што е сепаратистичката Шкотска национална партија (SNP).

Најџел Фараж никогаш не победи во својата изборна единица, а неговата поранешна партија UKIP во 2015 година о9свои 12,6 отсто од гласовите на парламентарните избори, но победи во само една од 650 изборни единици и така доби само еден пратеник.