Ноќен полициски час воведен во цела БиХ

Мерката полициски час проширена е во саботата вечерта на целата територија на Босна и Херцеговина, откако бепше водена и во Федерацијата БиХ.

Со одлука на штабот на цивилната заштита, поцлискиот час во текот на кој во Федерацијата БиХ на сила стапува апсолутна забрана за движење воведен е од 18 часот вечерта до 5 часот утрото. Исклучок се само лица вработени во службите задолжени за борбата против епидемијата од коронавирусот, како и работниците во компании кои своите активности ги организираат во смени.

„Мерката е донесена имајќи го предвид зголемениот број заразени од коронавирус, како и зачестеното движење на мигрантите во вечерните и ноќните часови, како и поради заштита и најдобриот интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на властите.

Претходно во саботата одлука за воведува на полицискиот час беше донесена во ентитетот Република Српска. Таму, пак, забраната за движење е помалку рестриктивниа и важи од 20 часот навечер до 5 часот наутро.