10.8 C
Skopje
четврток, февруари 27, 2025

Полициски час стапува на сила од недела, од 21 до 6 часот

Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 вечерта до 6 часот наутро секој ден.

Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре вечер како најрестриктивна мерка за спречување на ширењето на корона вирусот. Ова на својот ФБ профил го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки , со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша премиерот Спасовски. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.

Како што кажа Спасовски подоцна на прес-конференцијата, од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош. Дежурства со ограничен број на возила ќе треба да воведат такси компаниите, а ќе имаат право да превезуваат патници само до амбуланта или аптека.

Смее да се оди само до болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица. Доколу ги запре  полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар;

И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ; Се ограничува број на дежурни аптеки; Такси компаниите да имаат ограничн број возила за дежурства; Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот;

Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание два метра од еден до друг патник.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки , со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша премиерот Спасовски. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.

„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, соопштија во саботата од Министерството за внатрешни работи.

 

„Здравјето и животот на граѓаните се најважни.

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за преземање мерки со кои ќе го овозможиме тоа.

Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка на владата, а Министерството за внатрешни работи ќе презема мерки за нејзино спроведување“, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.