
Во СВР Скопје вчера во 8:30, И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба.
Од увидна екипа од СВР Скопје е извршен увид, при што е констатирано дека во периодот од 19 часот на 27 март до 8 часот вчера, непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.