
Владата на денешната седница донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21.
Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток (288.05.2020)
Одлуките ќе бидат соопштени во 19 часот за кога е закажана прес-конференцијата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и др Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје,
Претходно во вторникот заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.
Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 16 нови случаи на зараза со коронаворусто и тројца починати.