
На лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се измешаа бројките за платите на медицинскиот кадар, пишува порталот Курир.мк, откако владејачката партија претходно излезе со податоци за наводно зголемување на платите на здравстветените работници, кои го понесуваат најголемиот товар во актуелната здравствена криза во епидемијата на коронавирусот.
Според Заев, во периодот од декември 2017 година до февруари 2020 година платите на медициснките лица се покачени, а според неговата пресметка тие изнесуваат 111.377 денари за доктори специјалисти, 58.991 денари за докторите на медицина или општ лекар 50.376 денари кај медицинските сестри со висока стручна спрема, односно 38.182 денари кај медицинските сестри со средна стручна спрема.
Оттука платата според пресметката на Заев за специјалист е околу 110.000 денари, а фактите говорат дека нето платата е околу 55.000 денари. Или ништо од ветувањето дека основната плата на специјалистите ќе биде 100.000 денари.
Очигледно е, дека Заев правинекои пресметки кои му се само нему познати. А, што се’ влегува во неговите пресметки знае само тој, зошто медицинските лица велат дека нивните плати не се толкава сума за која зборува Заев.
Колку за илустрација хирург со 20 години стаж, со минимум четири до пет дежурства, од кои треба да бидат празнични и викенд дежурства, и бодови за раководење може да достигне плата меѓу 110.000 и 120.000 денари
Пресметки на Заев за платите на медицинскиот персонал:
Доктори специјалисти 111.377
Општ лекар 58.991
Сестри со висока стручна спрема 50.376
Сестри со средна стручна спрема 38.182
Колку реално изнесуваат платите (пресметка во хируршка дејност)
Бруто плата Нето плата
Доктор специјалист 85.000 55.500
Општ лекар 56.000 37.000
Сестри со висока стручна спрема 42.000 28.000