
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш оцени дека Ковид-19 е „рендген, што открил фрактури во кревкиот скелет на општествата што ги изградивме“, пренесува Би-Би-Си“.
Гутереш држел предавање во Лондон на кое ги повикал светските сили да работат заедно за нов „социјален договор“, но и да признаат дека борбата против коронавирусот не е завршена сè додека сите земји не се изборат со болеста.
Нема да бидеме сигурни во врска со пандемијата додека сите не се безбедни, изјави Гутереш пред „Би-Би-Си“.
Доколку се произведе успешна вакцина, додаде тој, неопходно е таа да биде достапна за секого и насекаде во светот.