
Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се нови 2.776 случаи на зараза со коронавирусот, што е најголем број новозаразени во еден ден од почетокот на епидемијата во еден ден, а починале уште 18 лица.
Како што извести во четвртокот хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита, бројката новозаразени е поголена во однос на онаа од 25-ти октомври, кога првпат беа потврдени повеќе од 2.400 новозаразени во едно деноноќие.
Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е потврдени првиот случај на коронаинфекција, досега се регистрирани вкупно 43.775 лица заразени со коронавирусот, додека со новите 18 починати севкуоно има 511 смртни исходи како последица на компликациите предизвикани од Covid-19.
Бројот на активните случаи во земјата во моментов изнесува 14.031, од кои 985 пациенти се на болничко лекување, а од нив, пак, 71 е на респиратор.
Во самоизолација во земјата има 21.592 лица. Вкупно во текот на епидемијата оздравеле 29.233 лица, а од нив 1.463 во последното деноноќие.