Калфин, поранешен министер за надворешни работи на Бугарија: Блокадата на Македонија ќе доведе до катастрофа

Блокирањето на разговорите со ЕУ за Македонија од страна на Бугарија само ќе ја влоши ситуацијата на пробугарските сили во Скопје и ќе доведе до катастрофа во билатералните односи, вели поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Иваило Калфин, за телевизискиот канал „Европа“.

„Ако има некаков ефект од ветото на преговорите за членство на Македонија во ЕУ тоа ќе биде за пријателите на Бугарија во Скопје на кои ќе им биде сè потешко да зборуваат за поблиски врски. Ова спротивставување го покренува и прашањето дали Албанија може да започне преговори со што отвораме дијалог со земја со која досега немавме никаков спор”, изјави поранешниот министер за надворешни работи Ивајло Калфин во програмата„ Слободна зона со Георги Коритаров“ на ТВ Европа.