
Во велешката Општа болница продолжува црниот биланс, во четвртокот попладне починал 79-годишен маж, негативен на короанвирусот, а вечерта бил донесен маж на 63 години во тешка состојба, сито така позитивен на вирусот SARS-CoV-2, кој починал набрзо по приемот.
Во петокот утрото починале уште четворица пациенти, три жени на 81, 85 и 76-годишна возраст, како и еден маж на 59 години. Сите биле ковид-позитивни.
Како што информира портпаролот на велешката болница, д-р Весна Неделковкса Николова, вкупниот број хоспитализирани пациенти е 80, од кои 69 се позитивни, 10 се сомнителни на Covid-19 и еден е негативен. Од вкупниот број пациенти, 30 се на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение има 54 пациенти и е целосно полно, на Физикално одделение хоспитализарни се 15 а има уште слободни десет кревети и на Интерно Б крак има хоспитализирано 11 пациенти , а има 15 кревети.