Учениците и во второто полугодие ќе продолжат со хибридниот модел на настава, рече денеска министерката за образование Мила Царовска, која смета дека ова е најбезбеден начин за спроведување на наставата.
„Сметаме дека најбезбедно е начинот на којшто започна учебната година да продолжи и во второто полугодие, со цел да одржиме континуитет, а сепак бројот на позитивни случаи во образовниот систем да остане на нивото на коешто го имаме“, рече Царовска.
Царовска додаде дека доколку има промена во епидемиолошката состојба, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе го разгледаат ова прашање заедно со Министерството за образование.