Германскиот министер за здравство отворен за руските и кинеските вакцини

Jens Spahn/ Photo: DPA

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека е отворен за идејата да се употребуваат руските и кинеските вакцини во борбата против Covid-19 во неговата земја, во контекстот на дискусиите за достапноста на вакцините во Европската унија.

„Доколку вакцината е безбедна и ефиканса, без оглед на тоа во која земја е произведена, тогаш секако може да помогне во борбата против пандемијата“, вели Шпан во неделното издание на весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Потсетува дека вакцината би морала да го мине нормалниот процес на авторизација, а барањето за одобрување во ЕУ пред повеќе од две седмици е доставено во Европската агенција за лекови (ЕМА).

Русија во петокот сооппшти дека би можела да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози од својата вакцина „Спутник V“ во вториот квартал од годинава, што би било доволно за вакцинирање на 50 милиони жители на Унијата.

Но на Запад постои голема скепса, главно во медиумите, кон руската вакцина откако во август 2020 година беше првата во светот која доби одобрување од националните регулатори, зашто тогаш не ја минала целосно третата фаза од клиничкото испитување. Но и покрај тоа, досега повеќе десетици земји во светот склучија договор за набавка на „Спутник V“ а најмалку пет земји склучуваат договори за производство на оваа вакцина во нивните погони.

Во заднината на критиките за бавната дистрибуција и проблемите во производството на западните вакцини против коронавирусот за кои ЕУ има договори за набавка, германската канцеларка Ангела Меркел има намера за тоа да дискутира во понеделник. На видео-конференцијата ќе учестуваат државни челници, покраинските минситри, претставниците на производителите и претставници на Европската комисија која ги купува вакцините во името на целата ЕУ.

Германија во неделата објави дека има нови 11.192 новозаразени, што е помалку од пред една седмица кога имаше 12.257. Бројот на починатите се зголим за 399 на вкупо 56.945 од почетокот на пандемијата.