Чешкиот премиер го поддржа вакцинирањето со „Спутник V“ без одобрување на ЕМА

Чешкиот премиерот Андреј Бабиш изјави во неделата дека земјата би можела да ја користи руската вакцината против коронавирусот „Спутник V“, дури и без одобрувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА), регулаторното тело на Европската унија.

Чешка, која има 10,7 милиони жители поледните неколку седмици е меѓу најпогодените земји во пандемијата на Covid-19, а ситуацијата се влоши со појавата на новите соеви на коронавирусот.

Чешките здравствени власти до саботата вечерта вакцинирале 649.969 лица, повеќето со вакцината „Pfizer/BioNTech“. Чешка, исто така, ги употребува и вакцинте на „Moderna“ и на „AstraZeneca“.

„Не можеме да ја чекаме ЕМА, имајќи предвид дека Русија не побарача одобрување“, изјави чешкиот премиер Андрј Бабиш за CNN Prima News повикувајќи се на тврдењето на Европската агнеција на лекови, иако руската страна уверува дека пред повеќе седмици го поднела барањето за одобрување на „Спутник V“.

Бабиш притоа додаде дека ќе биде доволно одобрувањето на чешката агенција за лекови SUKL. Самиот тој се вакцинираше на 27-ми декември пред телевизиските вакцини во централната билница во Прага, на денот кога започна процесот на масовно вакцинирање во ЕУ кога подоцна наиде на големи тешкотии во испораките на вакцините.

„SUKL мора да ја прегледа документацијата и доколку ја одобрат, министерството за здравство мора да го издаде изземањето…, а потоа, кој е заинтересиран, може да се вакцинира“, додаде Бабиш.

Чешките власти би можеле слично да постапат и со кинеската вакцина „Sinopharm“, додаде Бабиш наведувајќи ги примерите на Унгарија и премиерот Виктор Орбан кој се вакцинираше со кинеската вакцина.

Инаку на почетокот од февруари Бабиш изјави дека Чесите ќе го почекаат одобрувањето на ЕМА прад да биде користената вакцината „Спутник V“.