
Американскиот актер Јафет Кото, на аудиториумот ширум ветот познат по улогите на негативец во франжизата за Џејмс Бонд во филот „Живек и пушти другите да живеат“ (Live and Let Die), како член на екипажот на вселенскиот брод во првиот дел од франшизатра „Вонземјанин“ (Alien) и починал во понеделникот вечерта во 82-та година од животот.
Веста за магазинот The Variety ја потврдиле агентот на актерот Рајан Голдар и неговата сопруга Теса Синахон. Причината за смртта на Кото сѐ уште е непозната.
„Крајно сум шокирана и тажна поради смртта на мојот сопруг, со кога проживеав во брак 24 години“, изјавила Синахом. Додала дека нејзиниот сопруг бил прекрасен сопруг и татко, херој за своите обожаватели и исто така признат актер во Холивуд.
Сунахом на социјалните мрежи објави дека Кото имал многу планови и дека добил улоги во филовите „GI Joe“ и уште една во филм со Том Круз. Актерот инаку од три брака има шест деца.
Кото е роден во Њујорк на 15-ти ноември 1939 година. Неговиот татко Абрахам бил деловен човек, по потекло црн Евреин од Камрин, а мајката медецинска сестра по потекло од Панама.
Актерство почнал да студира уште на 16-годишна возраст во „ Actors Mobile Theatre Studiо“. Дебитирал на 19-годишна возраст во театарската претстава „Отело“, по што ја продолжил кариеарата на сцената на Бродвејскиот театар.
На филмот дебитирал во 1963 година, како статист во вестерн комедијата „4 for Texas“. Првата ролја на филм ја има веќе следната 1964-та во „Ништо освен човек“(Nothing But a Man) и во „Аферата Томас Краун“ во 1968 година. Пошироката публика Кото го запамети по улогата на злобниот нарко-бос д-р Кананга во осмото продолжение од серијалот за Џејсм Бонд од 1973 година „Живеј и пушти другите да живеат“, како и од фантастичниот фил „Вонземјанин“ од 1979 и од филмот „Трчачот“(The Running Man) од 1987 година.
Телевизиската публика, пак, ќе го памети по улогата на поручникот Ал Џардел во неколку сезони по полициската серија „Оддел за убиства“ на NBC, Во долгата кариеара се појавуваше и во други телевизиски серии, како „Закон и ред“ и серијата „Hawaii Five-0“.