
Нов геноцид е извршен врз Ромите од страна на премиерот Зоран Заев и неговото обезбедување, го оцени денешното брутално претепување на граѓанин во Струмица го Геге Демировски од Народната партија на Ромите.
„Да му дојде до увото на премиерот Заев, еден геноцид поминавме како Роми, но сега нѐ чека и вториот. Претепаниот Ром којшто е од село Баница, струмичко, брутално беше нападнат од десет мажи од обезбедувањето на премиерот, на чело со Сашко. Силата си ја покажуваат само кон ромскиот народ во Македонија, како полицијата, така почнале и од обезбедувањето на Зоран Заев. Јавно апелирам до МВР, за случајот да одговараат тие десет мажи, што се прават ‘мажишта’ врз еден Ром’, истакна во своето обраќањ во врска со тешкиот инцидент Демировски.
Како што објави на социјалните мреќии Демировски, претепаниот човек е во критична состојба, па поради тоа му се обрати лично на премиерот Заев.
„Кривична пријава да пуштите до сите десет мажи. Ова е срамота, ова е брука за Ромите. Си ги упропастил и си ги направил Ромите посиромашни и денес во вашиот град, во центарот на Струмица, вашите бандити на чело со вашето обезбедување Сашко, сакате да ги тепате и уништите Ромите“, вели Демировски.
Притоа апелира до сите политичари Роми да дадат оставка од Владата на Зоран Заев.