Последната инвестиција на Заев не успеа, уште една победа на Мицкоски

Очигледно е дека пропадна таканаречената иницијатива за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако „Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти дека одржал состанок на кој биле разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28-ми мартрт во Скопје, и оти го откажува поради влошената епидеиолопка состојба во земјата?!

„Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, стои во соопштението на „Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ“ испратено до медимите.

Констатацијата на „иницијаторите“ за катастрофичната јавноздравствена ситуација во земјата зачудува, имајќи предвид дека во во нивните претходни објави наведуваа дека редовно даваа поддршка на власта за одржување на локалните избори, како и сега на пописот на населението, а за коишто актуелното раководство на ВРМО-ДПМНЕ, предводено од лидерот Христијан Мицкоски константно предупредува дека претставуваат загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Но, многу веројатно е дека повлекувањето на „реформистите“ во ВМРО-ДПМНЕ е резултат од преовладувачкото мнение на јавноста во врска со неодамнешнито скандал со бегството и сѐ уште необјаснетото враќање на нивниот отворен покровител, Сашо Мијалков. Имено, откако истражувањата на јавното мениение покажаа дека огромно мнозинство граѓани сметаат дека ваквата шарада претставува провидно политичко пазарење меѓу поранешниот шеф на тајната полиција и актеулниот премиер, повеќе од очигледно беше наглото стивнување на активностите на „иницијаторите“. Поточно, денешеното е всушност и нивно прво огласување во јавноста три недели по скандалот.

Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес, се огласи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ којашто истакнува дека станува збор за уште еден несупешен овид на власта да инсталира контролирана опозиција.

„Ова е и најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина. ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истовремено посочуваат дека се отворени за сите „чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите“.