
Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче, за време на посетата на модуларната болница во Прилеп, посочувајќи дека сега е исклучително ризична ситуација.
Филипче повика и граѓаните помасовно да се пријавуваат за вакцинација, бидејќи, како што кажа, тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата.
-Здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само кај нас насекаде во светот се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран и тоа е нешто што буквално се случува во сите околни земји во цела Средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка, изјави министерот.