
3.800 починати од КОВИД-19 и над 130.000 заразени од почетокот на пандемијата до денес. Секој ден умираат по триесетина луѓе, и се заразуваат нови 1.500, а Филипче наместо да трча да набави вакцини, тој на државна сметка лета со хеликоптер од Скопје до Прилеп, вели Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ во Коментар на денот.
-Единствена држава сме во светот која има добиено повеќе вакцини од донации, отколку што набавила. Да не беа донациите од Србија, немаше да можат ниту лекарите и медицинскиот персонал од КОВИД центрите да се вакцинираат. Провизиите ги ставија на прво место, а здравјето на граѓаните не им е ниту на ум, потенцира тој и додава:
„Скандалозно и срамно е ова што и се случува на државата. Главна причина се неодговорноста, неспособноста и корумпираноста. Затоа да се спротивставиме на срамот и скандалите. Ве повикувам на протест пред министерството за здравство, утре сабота во 11:30 часот. Да го измиеме срамот на Филипче. Оставка веднаш, за тоа има 3.800 причини“.