Захарова: Чешка се обидува да го сврти вниманието од фактите за превратот во Белорусија

Соопштенијата за протерување на руските дипломати од Чешка поради наводната вмешаност на руското воено разузнавање во експлозии во оваа земја пред седум години, требаше да ги прекрие на информативно поле објавите за обелоденувањето на плановите за државен удар кој се подготвува во Белорусија, изјави во неделата вечерта портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Се наметнува апсолутното чувство, а тоа е поткрепено со фактички материјал, дека во информативниот простор, пред сѐ западниот, напшите западни партнери морале да го фабрикуваат ова за да ја покријат важноста и релевантноста на информациите кои ги објавија и Русија и Белорусија, во врска со планот за уставен преврат (во Белурусија)“, изјави Захарова за телевизијата Россия-1.

Захарова ова го кажа одговарајќи на прашањето на водителот за тоа дали може да се нарече „операција за покривање“ однесувањето на чешката страна, непосредно по обелоденувањето на планот за изведување пуч за соборување на белорускиот претседател Александр Лукашенко кој бил „направен во Прага“.

Руската дипломатка додаде дека се согласува со експертите, коишто претходно посочуваа на оваа поврзаност и појасни дека чешките власти ги сфатиле последиците од ваквите постапки во однос на ситуацијата во Белорусија.

„Тие не може да не сфатиле каквва ќе биде реакцијата, бидејќи нивните постпаки се карикатурални. Зошто го прават тоа? Бидејќи по секоја цена е потребно да се сврти вниманието од фактичката информација… Сѐ што беше објавени од страна на руските надлежни органи и релевантните структури на Белорусија, и изјавите на нејзиниот претседател, беше засновано на факти. Тоа мораше да биде блокирано“, изјави Захарова.

Претходно во саботата белорускиот претседател Александр Лукашенкот објави дека е уапсена група лица кои се подготувале да изведат атентат врз него и неговите деца. Според него, во обидот за негова ликвидација и преземање на власта во Минск стојата американските тајни служби. Шефот на белоруската разунавачка агенција КГБ, Иван Тартел, членовите на откриената група планирале и стапиле кон практична реализација за физичка елиминација на Лукашенко и членовите на неговото семејство, како и организирање вооружен бунт со цел да се преземе власта. Додаде дека во групата биле вклучени и државјани на Белорусија и странци.

Како што во саботата руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во Москва, посебно, биле преведен адвоката со американско и блоруско државјанство Јуриј Зенкович, белорускиот политиколог Александр Федута, кои планирале воен преврат на 9-ти мај во Минск. Во истата група, според белоруското КГБ учествувал и лидерот на опозициската партија Григориј Костусев, кој бил приведен во Белорусија.

Подоцна во саботата, чешкиот премиер Андредј Бабиш изјави дека тамошните власти ги сомничат тајните служни на Русија за вмешаност во експлозиите во магацини за оргужје и муниција во селото Врбетице во 2014 година. Шефот на чешката дипломатија Јан Хамачек изјави дека 18 руски дипломати се протерани од Чехка, и оти мора да ја напуштат земјата од 48 часа, а чешката полиција распиша потерница по руските државјани Александар Петров и Руслан Боширов. Се тврди дека тоа се псевдоними кои наводно ги користеле двајцата припадници на руското воено разунавање ГРУ кога наводно влегле во Чешка и ги предизвикале експлозиите. Пред седум години, инаку, обвинета беше компанијата која управувла со складиштата уништени во двете моќни експлизии во кои загинаа две лица.