
Во средбата од 36-то коло на англиското фудбалско првенство, Арсенал минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај градскиот ривал Челзи.
Погодокот за три бода на „Стенфорд Бриџ“ го постигна 20-годишниот Емили Смит Роув, кому ова му е втор гол во последните два натпревара. Гол постигна и домашниот тим, но на интервенција на ВАР-от погодокот на Пулишич беше поништен поради офсајд.
Челзи остана на 64 бодови и ја држи четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите, додека Арсенал со 55 бодови е на осмото место и во последните две кола му претстои борба за пласман во Лига Европа со Вест Хем кој има 58, Ливерпул со 57, Тотенхем со 56 и Евертон со 55 бодови, со тоа што двете екипи од Ливерпул имаат по два меча помалку од лондонските „Топчии“.