
Јасно е дека денешниот натпревар помеѓу Холандија и Македонија ќе биде во знакот на нашиот капитен, големиот Горан Пандев кој го игра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, а веројатно и во кариерата.
Домашната селекција направи голем гест на самиот почеток на натпреварот и му оддаде признание на Пандев подарувајќи му дрес од селекцијата на Холандија на која е испишано презимето на нашиот капитен, а на дресот е и бројката 122.
Оваа бројка, јасно, го означува бројот на настапи кои ги има Горан Пандев во дресот со националниот грб.
Извор: Дерби