
Битолчанецот Никола Зацески објави прекрасно видео на кое тој ја изведува прекрасната македонска песна „Лихнида кајче веслаше“.
Песната компонирана од Ефто Пупиноски со текст на Мирослав Кузман и аранжман на Миодраг Божиноски која во 1986 година го освои првото место на „Фолк Фест Валандово“ после 35 години доби уште една верзија.
-Со огромно задоволство ви ја претставуваме “Лихнида“ во едно поинакво светло. Длабоко од моето срце и душа произлезе инспирацијата за овој проект, а особено ми е драгоцен бидејќи и јас ќе дадам мал допринос во збогатувањето на нашиот мозаик на македонски песни, кои треба вечно да бидат препејувани и слушани од сите наши нови генерации. Се надевам ќе уживате во нашата магична бајка, напиша Зацески на Facebook по повод објавувањето на спотот за „Лихнида“.