
Владата ѝ утврди статус на стратешки инвестиционен проект на компанијата „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино.
Владината прес-служба информира дека одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти.
Комисијата утврдиле дека компанијата ги исполнува потребните услови.
– Комисијата го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестиционен проект – велат од владината прес-служба.
„Зока енерџи солушн“ обезбедува единствено еколошко решение за справување со проблемите на отпадот од депониите и негова трансформација во обновлива енергија и рециклирани суровини за индустријата.
Жителите на Неготино протестираа против отворањето на фабриката во нивниот град.