
Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури.
Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 Целзиусов степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 22 степени, а дневната до 40 Целзиусови степени.
Наместа долж Повардарието температурата ќе го надминува 40-от степен.