
Група демонстранти антиваксери која се претставува како неофицијална група „Официјален глас“ (Official Voice) се обидуваат да влезат во зградата на Би-Би-Си туркајќи се со полицијата која се обидува да го спречи упадот, објави Индипендент.
Демонстрантите првично се собрале на протест во лондонски парк, од каде што се упатиле кон Би-би-си.
Овие демонстранти се обидоа да упаднат во студијата на Би Би Си во Вајт Сити но наидоа на големо полициско присуство, тие протестираат против вакциналните пасоши и против вакцините за деца, објаснува влогерот Пол Браун на снимакта објавена на „Твитер“.