
Пожарот на Јабланица, четврти ден со ред ште е активен и му се заканува на струшкото село Вишни, а според надлежните поради непристапноста на теренот од земја не може да се пристапи со гасење.
Жителите се загрижени дека пламените јазици ќе ги зафатат куќите, но од Територијалната противпожарна единица смируваат дека не постои опасност огнот да стигне до селото.
„Екипи на ТППЕ Струга и Шумското стопанство 24 часа се на терен и ја следат состојбата. Не треба да се прави паника меѓу населението, огнот е далеку и нема ризик за селото“, изјави командирот на струшката пожарна Фети Мазари.