
Во понеделникот попладнето околу 17,20 часот во скопското село Ајватовци, полициски службеници од оперативен тим за потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода 46-годишниот З.Ч. од Скопје.
За него била распишана централна потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.