
Танзанискиот писател Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература, објави Шведската академија во Стокхолм.
Абдулразак Гурнах е роден во Занзибар во 1948 година, пишува на англиски јазик и живее во Британија.
Гурнах е награден за бескомпромисен и сочувствителен приказ на ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците, соопштила Академијата. Неговиот најпознат роман е „Рајот“, кој што во 1994 година се натпреварувал за наградите Букер и Витбред.