Малолетничка тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 21.12.2021 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, патничко возило „пежо 307“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(59) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.