
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку својата официјална Фејсбук страница информираше дека деновиве се изврши санација на кружните текови низ градот кои од сообраќајните незгоди беа оштетени.
– Покрај санирањето, дополнително е поставено ново лед осветлување на истите. Со тоа се очекува да се зголеми видливоста на кружните текови, како не би дошло до сообраќајни незгоди, пишува Пецаков во својата Фејсбук објава.