2022 – преживеавме, 2023 или одиме напред или потонуваме

СОСТОЈБИ, ФАКТИ, ПРЕДИЗВИЦИ....

Пишува: Бранко Азески, претседател на СКСМ

I.
Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во хотелот Александар Палас, точно во 19 часот започна седница на Советот на НАТО со која претседаваше генералниот секретар Џорџ Робертсон. Кога стигна дојавата за бомба, во салата имаше 19 акредитирани амбасадори на НАТО ви Брисел, целокупниот нивен генералштаб и комплетното раководство на Република Македонија. Како генерален директор на Александар Палас, бев повикан да издадам наредба за евакуација. Нормално, не ја потпишав и го презедов целокупниот ризик врз себе. Сето тоа траеше 8 минути, кои, ако ја потпишев наредбата, ќе имаа 800 дена последици. Во мојот мандат имав пет вакви ситуации и реагирав на ист начин. Ризикувањето и одговорноста се составен дел на лидерството.
Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше регистриран на рецепцискиот идентификатор, што е невообичаено затоа што таа работа се прави од телефонска говорница. Второ, веста беше пласирана како прва вест во 19 часот при гледаност од 38%, а дојавата за бомба беше 3 минути подоцна, во 19:03 мин. Се на се, треба многу ризик, треба многу знаење, за да се спротивставиш на вакви појави, кои просто „ја разнесуваат“ Македонија секојдневно и економски ја осакатуваат.
Бидејќи кај нас во државата, никој не ризикува, нормално е и дека нема да напредува. Страшно е што овие наши глупости се мултиплицираат и на секое друго рамниште. Наместо отворени граници, од 2023 година ќе очекуваме „војна за таблици“. Наместо војни во вселената, добивме уништување на „зелената“ (агенда ли е, платформа ли е, трева ли е…).
Што сево ова зборува? За граѓаните не знам. За компаниите, непредвидливост и катастрофа. За Западниот Балкан – наместо Брисел, пензионираниот Волгфанг Шисел. И сега што да кажам за моите очекувања за 2023 година. Преку 40 години одговарам на вакви прашања, и од целото мое искуство, би им предложил на медиумите да ги остават отворени, доколку има некој нешто паметно да каже, а другите сите ги фрли во оган бидејќи дефинитивно на Балканот идеи и предлози не му се потребни.

II.

Ало Комора поздрав од Истанбул
Ало Комора поздрав од Истанбул
Влада, опозиција, компании, во комуникација сме
Влада, опозиција, компании, во комуникација сме
Членовите на органите и телата на Комората (Антоние Мариноски и неговата сопруга анестезиолог во „Систина“ будни следат што се случува во Истанбул)
Членовите на органите и телата на Комората (Антоние Мариноски и неговата сопруга анестезиолог во „Систина“ будни следат што се случува во Истанбул)
Првиот успех во рехабилитацијата – со тимот од доктори во болничката соба
Првиот успех во рехабилитацијата – со тимот од доктори во болничката соба
Со фамилијата (Билјана, претседател, Ане) - поддршката од семејството е најважна
Со фамилијата (Билјана, претседател, Ане) – поддршката од семејството е најважна
Двајца претседатели, мои другари кои се грижеа за здравствената состојба како за себе
Со проф.д-р Озтурк Чагатај, водечки
Со проф.д-р Озтурк Чагатај, водечки Хирург во болницата ЛИВ во Истанбул
Вториот успех
Вториот успех

2022 година ќе остане запаметена како година на успешна соработка со УСАИД, една од најпрофесионалните организации со кои соработуваме. Проектите и активностите се плод на долгогодишна работа со целиот тим на Стопанската комора особено со госпоѓата Аризанковска која во меѓувреме е унапредена на многу поодговорна задача во водење на интеграционите процеси со Европската Унија.

Со Бојан Маричиќ, Кристофер Хил амбасадор во Белград на САД и Бранко Азески, на почетокот на септември на Отворен Балкан
Со Бојан Маричиќ, Кристофер Хил амбасадор во Белград на САД и Бранко Азески, на почетокот на септември на Отворен Балкан
Три Балкански брендa
Три Балкански брендa
Виктор Мизо го знаат сите охриѓани, а верувам и Македонци, но хотелот „АДЛОН“ во Берлин каде Хитлер го пиел утринското кафе го знаат многу малку луѓе. Тоа е најблиската локација до Бранденбуршката капија каде јас и Мизо пиеме „Радлер“
Виктор Мизо го знаат сите охриѓани, а верувам и Македонци, но хотелот „АДЛОН“ во Берлин каде Хитлер го пиел утринското кафе го знаат многу малку луѓе. Тоа е најблиската локација до Бранденбуршката капија каде јас и Мизо пиеме „Радлер“

На социјалните мрежи деновиве забележав еден интересен сегмент. Јас на 9 различите фотографии и 9те македонски премиери. Јасно, ставена во негативна конотација. Ете одличен предлог во сериозна дебата околу мандатите. Наместо околу ЈСП. Во последните 100 години не ни чинеше ни кралот кој имаше доживотен мандат. Не ни чинеше ни Тито кој имаше долг мандат. А не ни чинеше ни Синан Хасани кој имаше краток мандат. А сега не ни чинат ни претседателите кои имаат просечни мандати. Дајте поразговарајте околу ова прашање кое е од суштински карактер, а ние со „долгите“ мандати ќе седиме на страна.
 Таму каде што ви ветуваат многу, понесете си мала торба (уште еден интересен фрагмент од социјалните мрежи)
 Бранко Азески – Нели е подобро да си понесе секој алат и нешто да сработи ?
—————————————————————–
 Македонска даночна реформа, земаш од работливиот, да даваш на мрзеливиот кој гласа за грабливиот.
 Бранко Азески: работите мора да се потурнат во спротивно остануваме на Балканските меѓници кои не се ништо подобри од 1991 година.

III.
На 100 годишнината (14 јули 2022 година), Комората донесе „Декларација за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки“, што ја усвои Собранието како највисок орган.

Прво, во Декларацијата покрај другото е наведено и дека неповолните состојби во економијата во најголем дел се должат на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и на доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес. Затоа бизнисот бара враќање од партиска кон државна агенда (да запрат фиктивните вработувања во јавниот сектор, да се стави стручниот кадар пред партиските вработувања, да се ревидира потребата од постоење 1322 државни институции со армија од партиски вработени итн.).

Второ, за бизнисот да функционира како што треба и за да ја остварува својата функција, потребно е да се потврди единствениот пат за евроатлантски интеграции; без оглед на исходот од преговорите со ЕУ, да се донесе заеднички акциски план за формирање работни тимови за преговори; да се работи на обезбедување, институционална и правна држава; пазарно ориентирани услови и почитување на човековите права и слободи.

Трето, таа е плод на широка дискусија и демократски водена процедура.

Четврто, таа декларација досега ја потпишаа повеќе од 150 субјекти, компании членки на Комората, а од надворешните институции прв потписник е Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), следеше потпишување и од ректорите на државните универзитети во Македонија: СВ. “КИРИЛ И МЕТОДИЈ”, “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА.

Првпат е спомената нејзината суштина на настапите на Хари Костов како поранешен премиер на прославите на рамковниот договор на 13-ти август 2021 и 2011. „Нас ни треба нов Рамковен доховор, или само договор, за економските реформи кои во земјава треба да се спроведуваат најмалку во следните 10 години, и тоа да се направи во соработка со науката и бизнисот. Новиот рамковен би значел договор меѓу сите релевантни политички партии со учество на науката и бизнисот за мерки за кои ќе постои согласност дека ќе мора да применуваат независно кој ќе биде на власт. Политичките партии се толку поделени, што за ништо не можат да постигнат консензус. Ни за една мерка, ни за тоа на која страна изгрева и заоѓа сонцето во земјава“.

На годишнината од оваа Влада во средината на јануари 2023 година СКСМ ќе организира традиционална конференција на која треба политичките партии да го потпишат тој значаен документ.
Со заокружувањето на тој процес Северна Македонија добива значаен приоритет покрај членството во НАТО И ЕУ околу кој може да се обедини и да го направи потребниот напредок за нејзин развој.

IV.

П.С. Покрај овој генерален таргет еве уште неколку други, кои СКСМ ги позиционира како ВРВНИ ПРИОРИТЕТИ:
 БРОБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА;
 ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГАСИФИКАЦИЈАТА;
 УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА СО МЕДИУМИТЕ;
 ДИРЕКТНА ПОДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ;
 БРЗО ИЗДАВАЊЕ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ОД БИЗНИСОТ;

Илија, Гечев, Бранко Азески, Хари Костов, ретко се појавуваат во јавноста заедно но на овие две слики се гледа дека делат исти погледи кон прашањето за новиот економски модел.
Илија, Гечев, Бранко Азески, Хари Костов, ретко се појавуваат во јавноста заедно но на овие две слики се гледа дека делат исти погледи кон прашањето за новиот економски модел

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.