24.8 C
Skopje
сабота, март 15, 2025

(ФОТО) Лила сама под новогодишната елка, но во негово друштво во пижами ја дочека Новата година

Водителката Лила Филиповска ја испрати старата 2021 и ја дочека новата година во домашна атмосфера со својот мачор Рагнар.

„Доволно беше турбулентна оваа година на секое поле, па затоа вака ќе ја испратам, без помпа и фанфари… доста ѝ беше, нека си оди !!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак , сепак доста и беше !!!! Посакувам Новава да биде сѐ што не беше оваа…! А на вас другари јас и Рагнар ( кој што изгледа многу среќно дека го сликам 😂) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов …Среќна и успешна година“, напиша Лила на својот инстаграм-профил.