
Mинистерот за политички систем и вицепремиер, Артан Груби на својата Фејсбук страница се пофали дека Владата донела одлука на униформите на припадниците на МВР во иднина покрај македонскиот да стои и натпис на албански јазик.
– Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот – пишува Груби во својата објава на Фејсбук.