
Светското фудбалско првенство почнува на 21-ноември со средбата меѓу домаќинот Катар и јужноамериканскиот претсевник Еквадор, ќе се игра на осум стадиони во пет катарски градови: Доха, Лусаил, Ал Вакрах, Ал Рајана и Ал Кор, а финалниот дуел и затворањето е закажано за 18-ти декември.
Сите стадиони се изградени на растојание од 56 километри а има и ткн „мундијалски“ воз кој ќе вози од еден до друг стадион.
Ова е второто светско првенство на азискиот континент по она одржано заеднички во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, а прво во арапскиот свет и последното на коешто ќе настапат 32 репрезентации, бидејќи бројот на учесниците за следното во 2026 година ќе се зголеми на 48 селекции.
Поради многу високите температору во Катар во текот на летотоо, ова првенст во ќе се одржи од крајот на ноември до средината на делември, што го прави и првиот мундијал во историјата кој нема да се одржува во мај, јуни или јули.
На Мундијалот ќе играат сите светски шампиони кои досега низ историјата го освојувале пехарот, освен Италија која беше елиминирана со 0:1 во Палермо во баражот од Македонија и која ќе пропушти и второ Светско првенство по ред што никогаш досега ѝ се нема случено.
Исто така, ова беше и првиот жреб за Светското првенство на кој не се познати сите учесници, имајќи предвид дека уште се бараат три репрезентации кои мораат во јуни да го изборат пласманот преку дополнителните квалификации.
Шпанија во својота група во Катар ќе се соочи со Германија, Јапонија и со Костарика или Бов Зеланд, додека бранителот на титулата светски првак Франција ќе игра со Данска, Тунис и победнико на интерконинентален бараж. Домаќинот Катар кој е дебитант на мундијалите, пак, пласманот во следната фаза ќе го бара во групата со Холандија, Сенегал и Еквадор.
Во Групата Д, Аргентина ќе игра со Саудиска Арабија, Полска и со Мексикот, а фаворитот Бразил кој е и рекордер со пет титули но последната пред 20 години ќе биде во многу тешката група со Сртбија, Швајцарија и Камерун.
Актуелниот вицешампиони, селекцијата на Хрваска е во Групата Ф заедно со репрезентациите на Белгија, Мароко и Канада. Во Групата Г се Португалија која со 2:0 ја совлада Македонија во Порто во финалето од европските дополнителни квалификации е во опасна конкуренција со Уругвај, Јужна Кореја и Гана.
Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс/Шкотска/Украина
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска
Група Д: Франција, ОАЕ/Австралија/Перу, Данска, Тунис
Група Е: Шпанија, Костарика/Нов Зеланд, Германија, Јапонија
Група Ф: Белгија, Мароко, Хрватска, Канада
Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун
Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана