
Новак Ѓоковиќ го освои првиот турнир по голготата во Австралија откако попладнево убедливо со 6-0 и 7-6 го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас со што по 6-ти пат триумфираше во Рим.
Српскиот тенисер убедливо го доби првиот сет а во вториот се врати по водство на противникот од 4-1. Со оваа победа Ѓоковиќ потврди дека е подготвен за настапот на Ролан Гарос.