Кина пушти во употреба нов дел од рускиот гасовод Моќта на Сибир

Кина официјално во петокот ги пушти во употреба уште еден дел од гасоводот Моќта на Сибир со кој се снабдува со гасот од Русија, што се коментира како порака која оди во полза на Москва на западните тврдења за намалените руски приходи од губењето на гасниот пазар во Европа поради санкциите поради војната во Украина.

Станува збор за функционалност на уште дополнителни 320 километри од гасоводот, соопшти кинеската компанија „PipeChina“, која е одговорна за проектот.

„Кинескиот дел од гасоводот Моќта на Сибир од Анпин, во покраината Хабеи до Таијан, во покраината Пандин, на истокот на Кина на 16-ти септември беше официјално пуштен во употреба. Тоа покажува дека синџирите за снабдување со енергијата на истокот од земјата станаа уште понапредни“, се наведува во соопштението на „PipeChina“.

Се истакнува и дека делницата од Анпинг до Таијан е важен дел од кинескиот гасовод, кој се надоврзува на рускиот Моќта на Сибир, иако во должина од 320 километри има капацитет од 18,9 милијарди кубни метри гас годишно. Изградбата на оваа делница од гасната инфраструктура започна инаку во октомври 2020 година.

Претходно во петокот рускиот вицепремиер Александр Новак изјави дека гасоводот Моќта на Сибир 2, е дизајниран за снабдување со гас на Кина, всушност може да стане замена за рускиот гасовод Северен тек 2, кој Германија иако целосно завршен и наполнет со гас, го суспендираше под притисокот на САД поради руската инвазија во Украина.

Притоа, Новак истакна дека според конечниот договор со Кина во врска со Моќта на Сибир 2 , кој се очекува во блиска иднина, обемот на испораките на гас ќе бидат 50 милијарди кубни метри гас годишно, речиси ист капацитет како и Северен тек 2. Претходно во четвртокот рускиот гасен гигант „Газпорм“ ги зголемила испораките на гасот преку Моќта на Сибир во Кина, и дека во септември тие редовно да ги надминувале договорените дневни нарачки.

Гасоводот Моќта на Сибир се состои и два крака: од наоѓалиштето Чајандинскоје во Јакутија до Благовешченск (на границата со Кина) со должина од околу 2.200 километри и од полето Ковикта до Чајандинское од речиси 800 километри. Првата делница е изградена за пет години и пуштена во употреба во 2019 година, додека втората делница и треба да биде пуштена во употреба на почетокот на следната 2023 година.

Првите испораки на гасот од Русија до Кина преку гасоводот Моќта на Сибир започнаа на крајот на 2019 година и изнесуваа 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, а се зголемија два ипол пати во 2021 година. На почетокот на февруари 2022 година „Газпром“ потпиша втор долгорочен договор со кинескат CNPC за извоз преку Далечниот исток. Вкупниот обем на испораките, според договорт, ќе пораснат на 48 милијарди кубни метри годишно. Имајќи го предвид гасоводот Моќта на Сибир 2 и неговото продолжување низ Монголија преку гасоводот Сојуз Восток, извозот на гас во Кина може да се зголеми за дополнителни 50 милијарди кубни метри годишно.