
Кинеските власти им забраниле на големите државни компании во земјата да го препродаваат течниот природен гас (LNG) на купувачи во Европа, како и во други земји во Азија, за да се обезбедат доволни количества за зимската грејна во Кина, пренесува во вторникот деловната новинска агенција Bloomberg News повикувајќи се на свои извори.
„Националната комисија за развиј и реформи, главното економско тело во земјата, им наложи на компании PetroChina Co, Sinopec и Cnooc Ltd. да ги задржат зимските количества за домашните потреби“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата истакнувајќи дека тоа се однесува на течниот природен гас.
Државните кинески корпорации и регулаторот сѐ уште не одговориле на барањето за коментар за агенцијата.
Кина склучува големи договори за купување LNG од извозници како САД, а оваа година локалните трговци пренасочија дел од тие залихи во Европа поради помалата домашна побарувачка, се наведува во прилогот на Bloomberg.
Се додава дека таквите потези на Пекинг може да доведат до намалувањето на снабдувањето со течен гас во Европа и да ја дополнително да ја влоши веќе постојната енергетска криза на континентот во случај на остра зима.
Сепак, како што шпекулираат изворите на агенцијата, од друга страна додека испораките на LNG од Кина придонесоа за извесно олеснување за европските купувачи, брзото надополнување на залихите и рекордно високите транспортни трошоци ја намалиле атрактивноста на новите испораки на енергенсот на европскиот пазр.