Министерката за внатрешни работи поднесе оставка од владата на Трас, ја замени Шапс

Суела Браверман поднесе оставка во средата од должноста британска министерка за внатрешни работи, велејќи дека мора да си замине откако што ги прекршила правилата, но и дека е загрижена за насоката на од владата на премиерката Лиз Трас, во којашто многу брзо нејзината позиција ја зазема поранешниот министер за транспорт Грант Шапс.

За помалку од една седница владата на Трас ја напушти и вториот министер, откако од должноста министер за финансии по само 38 дена беше разрешен Кваси Квартенг, во периодот која премиерката по само шест седмици откако влезе во Даунинг стрит се бори за останување на власт.

„Згрешив, ја прифаќам одговорноста, поднесувам оставка“, пишува Браверман во писмото до Трас објавено на Twitter. Наведува дека испратила службен документ од својата приватна електронска адреса на парламентарен колега, додавајќи дека тоа бил „технички прекршок“ и дека поради тоа е „исправно е да заминам“.

„На сите им е очигледно дека минуваме низ бурен период. Загрижена сум поради правецот на оваа влада. Не само што ги прекршивме ветувањата на нашите гласачи, туку има и сериозни грижи по прашањето на доследноста на оваа влада на обврските од манифестот, како намалувањето на севкупната миграција“, напишала Браверман.

Трас, којашто стана премиерка на 6-ти септември, прво ја состави владата од повисоките членови кои биле лојални на нејзината либертаријанска фракција во нејзината владејачка Конзервативна партија.

Но покренувањето на сега отфрлената економска програма ја принуди Трас да го разреши министерот за финансии Кваси Квартенг и да го именува на неговото место Џереми Хант, кој инаку го поддржуваше нејзиниот ривал за премиерското место Риши Сунак.

Весникот The Guardian објави дека поранешниот министер за транспорт од 2019 година 54-годишниот Грант Шапс е новиот министер за надворешни работи. По оставката на Борис Џонсон, Шапс се кандидираше за лидер на Конзервативната партија, но брзо испадна од трката.

Браверман, која исто така се кандидираше на челното место на Ториевците пред да ја поддржи Трас, е оценета во британските медиуми како „длабоко поларизирачка личност“ во текот на нејзиниот кус мандат. На годишната конвенција на Конзервативната партија претходно месецов, Браверман рече дека нејзиниот „сон“ е да види како авион ја напушта Велика Британиа и го носи барателите на азил во Руанда.

Актуелната ситуација во којашто се наоѓа Конзервативната партија, го принуди влијателниот пратеник Боб Сили јавно да се извини.

„Навистина сакам да се извинам. Доста ми е од оваа сапуница. Иста, како и на вам слушатели. Да бидам искрен, запрепастен сум, како и сите други, и всушност сум многу незадоволен од моменталната ситуација“, изјави Сили за радиото LBC.