Облачно со дожд, снег на планините

Метеоролозите за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 5 степени, а максималните дневни од 3 до 8 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Пет степени ќе биде максималната дневна температура.

Утре во утринските часови ќе има локален дожд, во текот на денот променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од утре до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и пониски дневни температури. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.