
Во минатото играв фудбал, а по работниот ден, како и секој човек, си наоѓам хоби.
Ова е коментарот на министерот за економија Фатмир Бесими во гостување на ТВ21 вечерва, за фотографиите и за видеото кои вчера ги сподели вицепремиерот Артан Груби на кое се гледа како тој заедно со другите министри од ДУИ играат фудбал и кошарка во владиниот кабинет.
– Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам ова одело како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не’ видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100% посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек – рече Бесими.