
Фотографија на која лидерот на ДУИ Али Ахмети е во релаксирана атмосфера со цигара во рака и преку виде оповик разговара со Артан Груби, синоќа објави првиот вицепремиер, откако вчера речиси цела Влада присуствуваше на почетокот на изградбата, на како што ја нарекоа, историската капитална инвестиција – изградба на Коридорот 8.
Груби под фотографијата напиша:
„Цигара за ќеиф вечерва, со чадот право нагоре. Запаметете го овој ден пријатели“.