
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Арсенал.
Според „Дејли мирор“ 23-годишниот Србин е подготвен да размислува за преселба во лондонскиот клуб ова лето. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета сакаше да го добие играчот минатата година, но тогаш фудбалерот ја одби понудата.
Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Во тековната сезона постигна 11 гола и четири асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 75 милиони евра.