
Домаќините имаа одличен старт на мечот со серија 11-0, по што Макаби Тел Авив почна да ја топи разликата до 18-22, по што продолжи возбудливата игра до крајот на првото полувреме, а на паузата со предност од 42-41 замина Монако.
Монако имаше одличен старт на вториот дел, кога стигна до +13 (57-44) и го реши прашањето за победникот бидејќи гостите од Тел Авив се измачија, но не успеаа да ја вратат неизвесноста во дуелот.
Најефикасен кај Монако беше Лојд со 33 поени, два скока и две асистенции, додека Болдвин постигна 17 поени, три скокови и четири асистенции за Макаби.