
Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора бара итни измени на регулативата за спас на месно-преработувачката индустрија.
Своите барања групацијата ќе ги изнесе на прес-конференција, што ќе се одржи во Стопанската комора, и на која ќе се обратат Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо и Васко Ристовски од Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанска комора.